Крушево е град во западниот дел на Република Македонија. Етно градот на некогашната Крушевска република. Tипично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1350метри и се смета за највисок град на Балканскиот Полуостров. Во негова близина над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум и спомен куќата на музичката легенда Тоше Проевски чие родно место е токму овој прекрасен град Крушево. Благодарение на неговата височина, Крушево е една од Македонските зимски дестинации, но секако освен тоа Крушево заради неговата богата историја, архитектура и прекрасна природа е посетуван во текот на целата година.
Обиколено со масивите на Бушова планина, со неговите пријатни предели, Крушево нуди прекрасни услови за скиење од декември до почетокот на март. Скијачките терени се наоѓаат непосредно до самиот град на надморска височина од 1400 метри. Погодни се за скијачи професионалци како и за скијачи почетници.
Градот е поврзан со ски центарот и скијачките терени преку жичницата. Ски-клубовите организираат школи за почетници и изнајмуваат опрема. Посебно внимание се посветува на Нордиското скиење од каде произлегуваат и врвни спортисти. Исто така пешачењето по сјајните падини со снег е вистинска атракција за да се биде во снежно Крушево. Скијачките терени се наоѓаат на месноста Станич, која е опремена со ски-лифтови: Двосед жичница со капацитет 700 лица/час, скилифт сидро 700 лица/час; единечен скилифт капацитет 600 лица/час. Скијачките клубови од Крушево организираат школи за скијање за почетници, со изнајмување на комплетна скијачка опрема. Постојат и терени за скијачи професионалци, а тоа е патеката што се наоѓа под жичарницата и скијачките патеки за нордиско трчање.