Се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместен е на Баба Планина, чиј највисок врв е Пелистер (2.601 м) и е во рамките на националниот парк Пелистер. Тоа е релативно мал ски-центар, но интересен поради неговите природни убавини. Располага со реновирани жичница и скилифт и со две атрактивни ски патеки што се погодни за натпревари во слалом и велеслалом. Зимската сезона трае од декември до крајот на март.
Центарот е лоциран на почетни 1.420 метри, па преку жичницата и ски-патеката до планинарскиот дом Копанки на 1.610 метри и вториот дел од ски-патеката до 1.800 метри. Центарот во околината располага со повеќе сместувачки капацитети, ресторани, одморалишта и планинарски домови „Копанки“ на 1.550 м и планинарскиот дом „Големо езеро“ на 2.200м.