Снег на македонските планини

Вести

Иако зимата календарски одамна замина, вчера на Попова Шапка и Маврово имаше нови врнежи од снег. Снежната покривка, според фотографиите што објавени на социјалните мрежи беше околу 10-15 сантиметри. Tолку снег тука немаше ниту во јануари. Сепак, овој снег е мек и не е добар за скијање.

Поради високите температури кои до неодамна беа секојдневие на Шар Планина, Ски-центарот Попова Шапка уште на 19 март извести дека зимската сезона е затворена, бидејќи немаше услови за скијање:

Ски-центарот “Попова Шапка” ги известува сите љубители на скијањето дека заради високите температури и немањето соодветни услови за скијање, официјално ја затвораме зимската сезона во нашиот Ски-центар. Им се заблагодариме нa сите посетители за укажаната доверба, на сите соработници, на ски – кафулињата и артистите за возбудливите après – ski активности, како и на сите вработени и сите ангажирани соработници за нивниот придонес

Претходен написи
Водечкиот светски саем InterAlpin ја разоткрива својата глобална моќ
Следен напис
Француски скијач за влакно избегна смрт