Снежната, невидена страна на австралиските планински венци

Вести

Фотограф на пејзажи од Мелбурн ја откри уникатната и често невидена страна на Австралија со снимање на воздушни снимки од кратката зимска сезона што ги зближува ентузијастите за снег и скијањето во земја која ретко се поврзува со зимски сцени.

Пени Прангнел пораснала во руралниот Нов Јужен Велс. Таа честопати го поминувала своето време талкајќи низ селата и ги снимала со камерата на нејзиниот татко, кога и почнала да развива страст за пејзажна фотографија.

Подоцна, таа воведува и воздушна фотографија во својот арсенал. Прангнел првпат го проба тоа од чиста случајност кога нејзиното момче учело да биде пилот. Ова значело и дека Прангнел има можност да дојде „на неколку живописни летови“.

Интересот на Прангнел да ја долови земјата во сета нејзина убавина беше изразен и во нејзината фотографска серија со наслов „Алпски“. Во проектот, Прангнел користи воздушни снимки за да раскаже приказна за културата што не ја доживеала пред да се пресели во Мелбурн. За оние кои не ја посетиле Австралија, веројатно е исто толку непознато.

„Секоја година снежни ентузијасти, туристи, спортски професионалци и љубители на зимата доаѓаат на снежните полиња од целата држава, искористувајќи го максимумот од нашата кратка снежна сезона“, пишува Прангнел за нејзината фотографска серија.

„Кога сликате австралиски пејзаж, на ум може да ви дојде црвена глина, еукалиптус дрвја, сино небо и бескрајни хоризонти. „Алпски“ прикажува скриен аспект на австралискиот начин на живот, коj e спротивен на оваа перцепција“.

Сместени на источната страна на Австралија лежат 12 скијачки центри. Сите тие се релативно достапни, а главните одморалишта нудат „навистина добро скијање од супер лесни стази за почетници до стази за зависниците од адреналин“.

Претходен написи
Шифрин збунето ја прими победата по возењето на Влхова
Следен напис
За прв пат „искачена“ највисоката планина на светот