Шифрин збунето ја прими победата по возењето на Влхова

Вести

Aмериканката Шифрин победи на популарната трка во Шладминг во слалом од Светскиот куп, воедно го урна и рекордот на Ингемар Стенмарк за победи во една дисциплина.

До епската победа Шифрин дојде од петтото место по првото возење, за на крајот да биде за 0.15 секунди побрза од својата најголема ривалка, Петра Влхова која возеше последна и не успеа да го надмине резултатот од второто возење на Шифрин.

Шифрин ја забележа својата 47. победа во слалом, една повеќе од легендарниот Стенмарк, кој победи во 46 велеслаломи во 1970-тите и 1980-тите.

„Многу плачам во последно време. Ова како да не се случуваше вечерва, нереално“, изјави Шифрин, која има вкупно 73. победа во Светскиот куп со што е на третото место на вечната листа.

Шифрин најави дека учество на сите пет трки на Олимпијадата во Пекинг, каде што е меѓу фаворитките во повеќето дисциплини, слаломот, велеслаломот и комбинација.

Претходен написи
Од денес 12 јануари работат сите ски центри
Следен напис
Снежната, невидена страна на австралиските планински венци