Странските метеоролошки станици предупредуваат за предвремено пристигнување на зимските услови во Европа, кои се очекуваат до крајот на ноември.
Се предвидуваат екстремно студените услови низ поширокиот европски регион до почетокот на новата 2022 година.
Најновите прогнози за Балканот, Турција и Италија се бројат со можност за вредности до -10 , -15°C за котлините и долините кои се под 1000 метри надморска висина.
Овие температури се длабоко под стандардните просеци за ноември и декември. Воздухот, кој наскоро се очекува да ја разлади Европа, потекнува од Гренланд, каде на 7-ми ноември беа рекордни -55,6°C. Измерено во ноември толку екстремно ниски температури никогаш не се појавиле толку рано над Summit camp Greenland.
Студот со себе не гарантира големи количества на снег освен можноста оние кои имаат систем за вештачко заснежување да го искористат максимално сезонава односно шанса порано да почнат со работа уште на почетокот од декември.