Матерхорн исчезнува од логото на Тоблероне

Вести

Фотографијата од планинскиот врв Матерхорн наскоро ќе исчезне од амбалажата на познатиот Тоблероне, истоимениот бренд на чоколади, бидејќи американскиот сопственик на компанијата дел од производството преселува надвор од Швајцарија.

Фамозното пакување на чоколадните триаголници мора да се промени бидејќи американскиот произведувач „Mondelez“ го сели поголемиот дел од производството од Швајцарија во Словачка.

Имено, оваа одлука е во согласност со строгите швајцарски правила за означување на производите, според кои чоколадото направено во странство не може да се нарекува „швајцарско“.

Поради тоа, чоколадото го губи своето швајцарско потекло, а исто така и дозволата за прикажување на Матерхорн, националниот симбол на Конфедерацијата.

Со редизајнот на амбалажата се воведува модернизирано и аеродинамично планинско лого кое е во склад со геометриската и триаголната естетика – изјави портпаролот на Mondelez за Aargauer Zeitung.

Освен тоа, ознаката „Toblerone – of Switzerland“ која досега беше на пакувањата, ќе мора да биде заменета со „Established in Switzerland“.

Претходен написи
ЕДИНСТВЕНАТА ЖЕНА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА
Следен напис
Копанки доби ново ратрак засилување