Сите велосипедисти од утре и и официјално ќе уживаат на новата нагорна велосипедска патека на планината Водно што ја градеше Град Скопје. Официјалното отворање на патеката се најавува за 03.10.2020 година (сабота) на Средно Водно со почеток во 12 часот.
„Прв до врв“ по тој повод ги кани претходно, сите велосипедисти да учествуваат на натпревар.
Натпреварот ќе стартува во 10 часот од полициска станица Водно и секој натпреварувач ќе стартува на 20 секунди. На натпреварот се поканети да учествуваат сите од 7 до 77 години, без котизација. Учеството е бесплатно. Награди за најбрзите во машка и женска конкуренција, вредносни ваучери за Номад Мобилити, Про-Спорт и Про Бајк и тоа прво место – 5.000 денари, второ место 3.000 и трето место 2.000 денари
Новата Пионерска патека е долга 3.432 метри, со со максимален наклон од 5 до 7 проценти и широчина од 2 до 3 метри.