Топ 3 сплитборд сетови

Сања Спасовска е искусна сноубордерка, македонски репрезентативец во сноуброд натпреварувања, еден од најискусните женски сплитбордери па и воопшто меѓу оние кои ја практикуваат оваа гранка од бордањето во Македонија. Таа е член на xmkd тимот и е FIS натпреварувач со значајни резултати. Токму затоа сакавме да споделиме нејзин став и селекција за сите кои се интересираат и прашуваат за сплитборд кој ние топло го препорачуваме како добра замена за стандардниот борд. Малку повеќе потење за една супер стар линија е тоа што на сите ни треба.

=======

Кога станува збор за турно-скијањето односно сплитбордањето, при изборот на опрема не смее да има компромис. Се одбира квалитетна, издржлива и сигурна опрема затоа што турите се случуваат длабоко во планинските масиви и врвови, далеку од цивилизацијата и сервисите во ски центрите така што исклучително е важно да одберете опрема која што нема да ве изневери in the middle of nowhere.

Според мене, пред се и пред секоја тура најважно е да се провери и сервисира опремата за да нема изненадувања кога ќе стигнеме на местото од каде што почнува искачувањето или пак горе на врв кога се спремаме за спуштање.

При изборот на опрема, гледам да е проверен бренд на даска, сепак тоа дава некаков вид на сигурност за квалитет, понатаму важни се карактристиките како – тврдината (flex) на даската, формата (shape) и секако должината на даската. Овие три категории се исклучително индивидуални и по личен вкус.
Јас лично претпочитам да возам 158цм, средна тврдина на даска (7-8/10) и најчесто directional camber shape односно се вози само во една насока, така што tail-от е рамен, а помеѓу везовите е camber и дава дополнително чувство на лебдење над снегот 🙂
Дополнително, исто така важен е и составот на базата, формата на врвот и страничниот радиус како и системот за местење на везовите при одење и повторно назад за возење.

Останатите карактеристики, секој бренд ги развива со свои технологии и со тоа придонесуваат за вариетет на веќе пренатрупаниот пазар со опрема. А и секоја од тие дополнителни карактеристики е во својство да овозможи единствено чувство на даската.

Исклучително важен дел од туринг опремата – кожите за качување. Никогаш не штедете на кожите, затоа што токму тие ве носат на оние неверојатни врвови, а турата без нив ќе биде само една невозможна мисија. Важно е да се издржливи на секакви услови (снег, мраз, вода) и да лепат идеално на површината на даската, лошо искуство е кога при одење нагоре се одлепува кожата па морате да застанете повторно да ја залепите и наместите, одзема пред се време, енергија и фрустира.
Јас лично користам G3 High Traction кожи и до сега се покажаа како најиздржливи, најтрајни и неверојатно добро држи на стрмен нагиб.

На крајот, но не и најмалку важна – БЕЗБЕДНОСНАТА ОПРЕМА!
Никогаш не тргнувајте на тура без  исправен Airbag ранец, сонда, трекер, лопата и кацига. Природата не секогаш е пријателски настроена и многу често ја потценуваме нејзината сила, кога условите не дозволуваат единствениот паметен чекор е да се вратиме назад, не сме посилни од планината, ниту пак некогаш ќе бидеме. Безбедносната опрема ни е само алатка да си помогнеме едни на други во итни случаеви, но не ни дава 100% сигурност дека ќе не спаси во сурови услови.

Затоа сакајте ја планината, истражувајте ги нејзините скриени богатства, уживајте во нејзината убавина и секогаш почитувајте ја!

  1. Burton Flight Attendant Split Snowboard

    Squeezebox
    Carbon I-Beam™
    Balanced Freeride Geometry
    Super Sap® Epoxy
    Pro-Tip™
    Infinite Ride™

    Перфектен спој со:

    Профил:

  2. Jones HOVERCRAFT Split Snowboard
  • Flex: 7
  • Shape: Directional Rocker
  • Core: FSC™ CLASSIC CORE + SINTERED 7000 BIAX FIBERGLASS
  • Sidecut Radius: Progressive ~22m
  • Weight: 5104gr
  • Binding system mount: Standard 2×6 pinholes + Spark systems compatible

Features: 

Flip Flop Base

Recycled Rounded ABS

Quick Tension Tail

Karakoram Clips

Wend Natural Wax

 Super Sap Bio Resin

Перфектен спој со:Spark R&D Arc Pro, Split board Binding

Профил:

3. RICE GOLD MEMBER SPLIT

  • Flex: 6
  • Shape: Directional Twin
  • Core: Aspen, Paulownia, Balsa, Basalt
  • Side cut Radius: 8.2
  • Nose width: 30.3cm
  • Weight: 4200gr
  • Binding system mount: Standard 2×6 pinholes + Spark systems compactible
  • Features:
    C2x – hybrid rocker profile
    Magne-Traction serrated edges
    FP Construction
    Bi-ax / Tri-ax fibreglass with basalt fibres
  • Lightweight tip and tail profileПерфектен спој со: Union Expedition FC Split board Binding

 

Во потрага по адреналинска линија, ски туринг Патишка Река – Остри Врв

Претходен написи
Девојки до каде сме со ски модата?
Следен напис
Натпревар по повод отварањето на велосипедската патека на Водно
Мени