Почина Владимир Пановски претседателот на Скијачка федерација на Македонија

Вести

На 5.10.2020 година, ненадејно почина претседателот на Скијачка федерација на Македонија Владимир Пановски (1947).

Пановски беше присутен долги години во македонскиот спорт, пред се како член на скијачкиот клуб Работнички од Скопје.

Во Скијачката федерација Македонија беше активен од 2002 година, како долгогодишен потпретседател, а од 2018 година и претседател на Федерацијата.

Како голем спортски работник, вљубеник во скијањето и општо во спортот, заслужен е за напредокот на овој спорт во нашата земја, а особено во обезбедувањето на квалитетната соработка со ФИС (Меѓународната скијачка федерација), ИБУ (Меѓународната бијатлон федерација), Олимпискиот комитет на Македонија, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Пановски активно се занимаваше со спорт до крајот на својот живот.

Во време на својата активост особено се залагаше за унапредување на квалитетот на сите спортови при Скијачката федерација на Македонија и во обезбедување на средства за омасовување и напредок на млади-надежни натпреварувачи и усовршување на стручни кадри.

Нека му е вечна слава.

Претходен написи
После 48 години затвори славниот Powder магазин
Следен напис
Што му се спрема на планинарскиот дом на врвот на Водно