Eurostar ски возот нема да ги носи скијачите до своите омилени ски центри

Вести

И покрај иницијативите и реакциите од јавноста Eurostar ски возот нема да ги носи скијачите до своите омилени ски центри.

Ограничувањата воведени заради Ковид значат дека возовите се откажани за следната зима. Некои мислеа дека можеби е побезбеден начин за патување во услови на ограничувања. Од Англија кон Француските Алпи ски возот сообраќа од 1997 година.

Eurostar вели дека го разгледува целиот свој распоред и треба да се концентрира на рути со голема побарувачка. Им се извини на сите клиенти, компанијата смета дека мерките за социјално дистанцирање на долгите патувања би биле многу предизвикувачки, плус целото чистење што е потребно. Луѓето исто така би морале да носат маски 7 или 8 часа и тоа не би довело до удобно патување.

Се сметаше дека патувањето со воз може да биде побезбедна опција за луѓето да стигнат до Алпите ако не сакаат да летаат.

„Ова е кратковидна одлука на „Eurostar“, која изгледа како да е донесена од државни службеници без визија“, изјави Ксавиер Шулер од една француска специјализирана компанија за ски туризам.

Претходен написи
Италијанските ски центри затворија за јавност
Следен напис
Мал број од северноамерикански центри активни