Скијање во мај комбинирана авантура јавање коњи и ски туринг Кобилица север

Вести

Добро е да имате интересни алтернативни турно опции за најдобрите скијачки линии. Ова беше нашата последна ски турно авантура реализирана во средината на мај, крајот на пролетниот период. Шар Планина и ски центарот Попова Шапка располагаат со доволно терени да ве опслужат за вашата скијачка авантура и барања со исклучителни линии, дури и во овој период од годината.

Викендот го стартувавме доцна саботата додека се собереме и преброиме. Важна алка и супер домаќини ни беа водичот Насер со неговиот тим кои ги стопанисуваат коњите (1 Мај јавање коњи на Шара) и новиот планинарски дом над село Вејце, кога одите и искачувате кон захтевната Кобилица. Останатото од оваа тура ѕирнете го на видео.

Од опрема и покрај асистенција со коњи, мора да носите се што треба за движење во планина. Се гледаме наскоро на скија угоре, што поскоро тоа подобро! 🙂

Претходен написи
СО СКИИТЕ НА РАМО ПРВИТЕ ТЕТОВСКИ СКИЈАЧИ ПЕШАЧЕЛЕ ПО ПЕТ ЧАСА ДО ТЕРЕНИТЕ НА ШАР ПЛАНИНА
Следен напис
Снег во Шпанија