Владата ни го одзема чистиот воздух ги затвори ски центрите

Вести

Владата на последната седница донесе одлука со која забрани функционирање на ски центрите. Во службен весник број 263 од 4 ноември 2020, член 13 точка 10 е наведено “Се затвораат за посетители – гости зимските скијачки центри”

Иако за наша среќа располагаме со ски центри и ски опрема која сама по себе е изолирана веќе 40 години наназад, каде сакал, не сакал, мораш сам да се возиш на столче затоа што е едно, дистанцата и онака е голема затоа што секоја втора клупа и котва е сомнително нефункционална, па автоматски со друг скијач на лифт сте барем на 100 метри дистанца. Имајќи ја во предвид оваа реалност, во која ниту еден ски центар не располага со големи шестоседи и гондоли, а луѓето се возат сами на лифтови, Владата треба да ја преразгледа мерката за функционирање на ски центрите. Кои се опциите?

Секако опции нема многу, а протоколот и редот ќе мора да се почитуваат максимално прецизно.

Една од опциите за да им се дозволи на луѓето да излезат на чист воздух и сонце е функционирање на лифтовите без останатата пропратна инфраструктура, ресторани, бачила и слично. Тоа ќе го намали групирањето на одредени точки. Ски картите би се продавале онлајн, а контактот ќе биде сведен на минимум. Ски бусевите ќе треба да се исклучат од примена, а превозот би бил само со сопствени возила.Ски центрите ќе мора да функционираат со лимитирана дневна бројка на скијачи, со цел да не се создаваат редици на лифтовите и да има непречено движење без застој.

Секое столче или котва ќе треба да се дезинфицира по неговата употреба. Но, колку навистина сме дисциплинирани тоа да го правиме ревносно е прашање со делумно познат одговор.

Негативните искуства веќе има и тоа деновиве од италијанските ски центри каде за гондола се чекаше на ред без посебна дистанца и по бурната реакција на јавноста, италијанската влада веднаш издаде наредба за затворање. Некои од француските, германските и австриските центри заради владините мерки се на пауза до декември, некои се во мал рестарт заради припремите за зимската сезона која почнува од средина на ноември. Дел од глечерските центри кои работата во текот на целата година функционираат само за тренинзи на скијачките клубови.

Но кај нив контролирањето е многу покомплицирано заради големата инфраструктура, гондоли, шестоседи итн. Тоа не е случај кај нас, ние таква инфраструктура немаме, се возиме сами, барем оставете да не дува ветерот на раат!

Александар Атанасовски тренер на алпскиот скијачки клуб СКАДИ од Скопје кој повеќе од два месеци со скијачиот тим тренираат на глечерот Хинтертукс во Австрија  “Сметам дека има простор домашните ски центри да се остават да работат. Нашата инфраструктура го дозволува тоа. Конкретно ски центри со слична инфраструктура како Маврово немаат никаков проблем во Австрија или Италија. Во Хинтертукс каде што сме ние постојат засилени контроли на гондолите и железничкиот сообраќај односно возовите. Шестосед и четворосед жичниците возат без застој со соодветно растојание. Апартманското сместување нема никаков проблем, освен поголемите рестрикции во хотелите. Некои од алпските ски центри затворија привремено или се спремаат за зимски рестарт според стандардни шеми премин од летен режим во зимски режим на работа. Дел од нив ја намалија фрекфенцијата за да се заштита од моменталнито covid бран, но планираат да отворат во декември. Повеќето глечерски центри како Pitztal, Moelltal, Val Senales, Kaunertal , Zermatt, Saas Fee функционираат ” изјави Атанасовски.

 

Ние одвај чекаме падавина

 

Претходен написи
Малку за плачење но ај…по 40 години Пониква доби реконструирани ски лифтови!?
Следен напис
The Alps – wePowder фрирајд водич за алпите