Petra Vlhova со хет трик во 6 дена на Светскиот Куп

Вести

Таа е во животна форма и со убедлива предност во генерален пласман. Petra Vlhova со трета победа на трка од Светскиот Куп во една недела. Едноставно девојката од Словачка со последната трка во Четвртокот во Lech, Austria, во натпревар од паралелно скијање се надмина себеси.

По две едноподруго победи во слалом минатиот викенд во Levi Финска,Vlhova овој пат во паралелна трка ја победи во финалето Американката Moltzan за 0.21 секунди. Во Финска таа со двете победи си понесе и две поларни еленчиња како подарок од организаторот и најави страшна форма.

Ова е прв подиум во кариерата на Светскиот Куп за релативно непознатата Американка која минатиот викенд пак имаше прв пласмен меѓу првите 10 на слалом трката во Австрија.

Vlhova сега го зголеми своето водство во генералниот пласман во Светскиот Куп а, сезонава заврши на подиумот на сите четири трки.

Lara Gut-Behrami од Швајцарија да споменеме дека заврши на трето место додека пак Mikaela Shiffrin од САД го прескокна настанот по кам бекот во натпреварите минатиот викенд со второ место во слалом во Финска.

Трикратната Шампионка од САД со 66 победи во кариерата на Светски Куп има проблеми со враќање во посакувана натпреварувачка форма реши да тренира за престојната трка во super-G races како и веле слалом на што делумно кумуваше повреда на грбот поради што се подготвуваше само за слалом.

Moltzan која замалку не заврши прва пак, има израснато и тренирано во Minnesota на истите терени како и пензионираната Lindsey Vonn.

Ова натпреварување имаше формат на елиминации со две скијачки истовремено во трка на скратена веле слаломска патека , со времиња нешто над 23секунди. Секоја рунда имаше по две возења со секој скијач по едно возење на секоја страна и збирен временски резултат кој го одредува победникот од 16 скијачки.

Некои од иницијалните фаворитки како Wendy Holdener, Alice Robinson, Sofia Goggia и Tessa Worley, беа елиминирани уште во квалификационите рунди од вкупно 68 скијачки.

Michelle Gisin, која пак е втора во генерален пласман зад Vlhova исто така не настапи зада се фокусира на тренинзи за двете super-G трки во St.-Moritz во родната Швајцарија на 5-6ти Декември.

 

Претходен написи
Дејан Тодевски втор на Приштина траил
Следен напис
Pinturault пред Kristoffersen за победа во паралелен велеслалом