Специјалистот за спуст Goggia со победа во Val d’Isere се заменија со Suter во вториот спуст

Вести

Sofia Goggia со својата осма победа во кариерата на Светскиот Куп во Алпско скијање во Val d’Isere на 19ти Декември.

Во дводневна битка со повратникот Corinne Suter од Швајцарија и со скијање на работ на излетување, ја забележа својата прва победа после минатиот декември во St.Moritz.

Breezy Johnson од Америка заврши на трето место со 0,3 секунди заостанување со втор финиш на подиум едно подруго во два дена. Норвежанката Kajsa Vickhoff Lie од стартна 30та позиција стигна до лично најдобро стварување на четврто место пред Kira Weidle од Германија.

Двократниот светски шампион во спуст , словенката Ilka Stuhec и сноубордерката Ester Ledecka забележаа исто време за делба на седмото место.

Goggia беше во свој елемент во вториот дел на патеката додека пак Американката Johnson која поведе во првиот дел на патеката, побавно го извозе финишот за второ трето место во последните 24 часа. Скијачките го завршуваат продолжениот викенд на Француските Алпи со трка во Super G во Недела.

Corinne Suter победи на отворањето на женскиот спуст во Светскиот Куп во Петокот додека пак трката ја одбележа страшното излетување на Nicole Schmidhofer која се повреди со пробивањето на заштитната мрежа.

Спуштајќи се со брзина од преку 100 километри на час, при крајот на трката, 100 kph, Schmidhofer ја загуби контролата при слетување од скокот а во близина на свртување. Откако излета од патеката со скиите ја проби т.е. ја пресече заштитната ограда и надвор од дометот на камерите. Таа доби медицинска помош на лице место а потоа беше транспортирана на санка надвор од патеките по 15минути.

Австриската скијачка федерација издаде соопштение за повредата на Schmidhofer и веројатноста за скинат лигамент на левото колено, по што е однесена во клиника во Innsbruck за понатамошни испитувања.

Шампионката од Италија, Federica Brignone исто така излета но без посериозна повреда.

Suter ја победи Sofia Goggia за 0.11 секунди Минатата сезона, Suter ја освои титулата во спуст и во super-G titles.

Водечката во генералниот пласман Petra Vlhova заврши со цели 2.35 секунди зад победникот надвор од најдобрите 20 скијачки на трката.

Mikaela Shiffrin го пропушти овој настан со цел да се фокусира на тренинзите на нејзините омилени дисциплини – слалом и веле слалом.

Ова беше навистина тешка трка. Мислев дека немам доволно за да победам на крајот,” изјави Suter, која остварува одлични седум подиуми во спуст во нејзините последни единаесет трки.

Претходен написи
Монт Еверест требаше да го носи името на Раданат Сикдар
Следен напис
Planika за планина и снег модели кои може да ги најдете во Пеко