Planika за планина и снег модели кои може да ги најдете во Пеко

Опрема и Совети

Eдна од основните работи за движење во планина се планинарските чизми. Соодветниот избор придонесува за безбедно движење и комфор во планина.

Зависно од типот на искачување, постојат повеќе видови на планинарски чизми. За кратки и летни искачувања обично се користат меки и удобни материјали, во поново време планинарски патики доколку патеката е регуларна планинарска рута. Доколку се движиме низ комплексни терени, временски услови влага, снег, студ, карпест терен, тогаш потребни се планинарски чевли со водонепропустлив материјал.

Чизмите треба да се високи со цел да се заштити ногата од повреда на зглобот и надворешни влијанија. Ѓонот најчесто се изработува од вибрам гума, која обезбедува топлотна изолација и заштита од пролизгување.

Во прилог претставуваме модели од планинарските чизми Planika, кои можете да ги најдете во продавниците на Пеко Македонија. Тимот на @skimacedonia имаме лично позитивно искуство (Planika Mangart и Planika Jalovec) години наназад, за производ кој во својот сегмент е best buy.

Planika моделите наменети за класични планинарски еднодневни или повеќедневни тури, захтевни алпинистичко-планинарски искачувања. Дизајнирани за удобност при долги пешачења, обезбедуваат соодветно совладување на комплексен терен и подлоги. Ги карактеризира квалитетни материјали, заштитна странична гума, ежат околу 760-780 грама, обезбедуваат топлина дури и на температури од -20°C, а дополнително на нив може да се прикачат и дерези за движење на заледен терен. Опремени со air tex целосно водо-отпорен материјал, кој овозможува дишење на стапалото и намалување на потењето во внатрешноста, а отпорна на надворешни влијанија, вода и студ (потребно е да се користи спреј за импрегнација на кожа). Располагаат со vibram ѓон и подлога со зголемена отпорност на пролизгување,заштитна гума, добра топлинска изолација, Planika air system за вентилација преку јазикот на чевлите.

Ги препорачуваме за високо-горски планинарски тури и сезони есен-зима. Зависно од вашите потреби и амбиент носете ги со еден пар анатомски спортски чорапи како би избегнале триење на стапалото особено кога се нови и неразгазени. Во зимски студени услови, задолжително со удобни термо чорапи. Доколку планирате подолг престој во текот на денот на снег и дожд, потребно е чевлите да се испрскаат со спреј за импрегнација на материјалот, кожата.

Можете да ги набавите во продавниците на Пеко низ Македонија, Planika има широка палета на планинарски чевли и патики. Контакт продавници

Претходен написи
Специјалистот за спуст Goggia со победа во Val d’Isere се заменија со Suter во вториот спуст
Следен напис
Што е ски турингот