Најозлогласената, најопасна и најкрвава спуст патека во светот на скијање за мажи, попозната како “Streif”, е предизвик за светската ски елита за неверојатен викенд на ски трки секоја година во областа Тирол во Австрија.
Hahnenkamm кој исто така е назив на област во Баварија а името во буквален превод занчи “Петлов Чешел”), е планински скијачки центар во градот Kitzbühel, а е домаќин на веројатно најпознатата и најопасна трка во спуст за мажи популарно наречена “Streif” (или “Линијата”).
Ова е навистина непријатна, извитоперена, преполна со каскадерски скокови и мртви агли, како и неверојатни стрмни делови кои се предизвик и за најдобрите скијачи во светот на спустот. Во 2021г, оваа легендарна класика се одржува по 81ви пат this од 18ти до 24ти Јануари. Hahnenkamm патеката е едно страшно потресно искуство од сам почеток и претставува крајниот тест за сите скијачи во потрага по светска слава. На патеката скијачите во најбрзите делници летаат и со по 140км/час. Mausefalle скокалницата (во буквален превод замка за глувци), на која се стигнува само по 8 секунди од стартот, има наклон од 85 степени а ги лансира скијачите по 80 метра во воздухот. Брза и неверојатно возбудлива акција.
Kitzbühel е преплавен со фанови на спортот за викендите, а популарни личности и ѕвезди од спортот се присутни за време на Hahnenkamm неделата кога владее неверојатна фестивалска атмосфера, а се во функција на забавата по баровите и пабовите на Kitzbühel во вечерните часови, со многу пропратни настани.
ПРОГРАМА:
Петок, Јануари 22, 2021, 11:30 часот HAHNENKAMM SUPER-G
Сабота, Јануари 23, 2021, 11:30 часот HAHNENKAMM DOWNHILL
Недела, Јануари 24, 2021, 10:30 часот HAHNENKAMM SLALOM