Деца подготовки за првото скијање

Вести, Опрема и Совети

Децата можат да почнат да скијаат веднаш штом ќе научат да одат добро, што е приближно кога ќе наполнат три години. Но, тие можат да научат да скијаат правилно после седмата или осмата години.

Некои градинки организираат дури и школи за скијање за деца од предучилишна возраст, што може да биде одличен начин за запознавање со овој спорт. Многу е важно да не ги терате децата да го прават она што не им се допаѓа, па затоа не ги терајте на скијање ако не сакаат, барем не на почеток. Не носете многу мали деца на премногу високи планини бидејќи тие сè уште не можат да се прилагодат на промените во притисокот.

Ски опрема за деца

Пред да излезете на снег, добро облечете го вашето дете за да не му биде ладно. Добро облечен значи, соодветната зимска облека, прво слој ,најдобро е волнени комплети, најмногу загреваат затоа што и најмалку ги потат децата. Скијачки одела, пантолони и јакна од материјали отпорни на ветер и влага, ракавици, бандани и топли високи чорапи, по можност мерино. Имајте во предвид дека тоа ќе скија, телото е активно и произведува температура. Што значи треба да биде облечено, но не и преоблечено.

Изборот на опрема за скијање за деца може да биде проблематичен бидејќи тие брзо растат. Но, не купувајте опрема за неколку броја поголеми, до следната година, бидејќи ќе му го отежне скијањето на детето, а може да се повреди.

  •  Чизмите треба да бидат со иста големина како и патиките, со малку простор за движење на прстите. Ако купувате чизми за мали деца, извадете ја внатрешноста на чизмите и пробајте ја големината.
  • Скии за деца – При изборот на големината на скиите мора да се земат предвид возраста, висината, тежината и способностите на детето. Скиите треба да бидат со должина помеѓу горниот дел на рамото (за полесни деца) и нивото на очите (за потешките деца).
  • Децата по правило не користат стапови додека не ги научат основите на скијањето, а можат да им пречат на лифтовите и на жичарниците.
  • Кацигата е задолжителен дел од опремата за децата. Земете големина на кацига која добро одговара на вашето дете. Не заборавајте ги очилата за скијање.

Купување или изнајмување?

Доколку не скијате често и ако сте почетник, најдобро е да изнајмите опрема. Во спротивно, купете опрема, но не мора да е нова опрема. Децата брзо ги надраснуваат работите, така што реко кое дете може да носи иста опрема две години по ред, па се исплати да се купи користена опрема.

Учат преку игра

Пред да се одлучите за ски аранжман, распрашајте се за скијачки патеки, забава и ски школа за деца. Многу скијачки центри имаат програми за анимирање на децата во ски-центарот. Ако сепак одлучите да го научите вашето дете да скија самостојно, бидете трпеливи и имајте ги предвид границите на вашето дете. Децата ќе сакаат да научат да скијаат само ако се забавуваат, а потоа многу брзо ќе ги совладаат основите. Повеќето методи содржат малку објаснување и многу копирање на движења.

Претходен написи
Французинот Pinturault пренесен со хеликоптер по излетување во super-G
Следен напис
Мирко Лазарески со НАЈДОБАР резултат досега!