Попова Шапка со нова летна содржина АТВ и МТБ возење низ Шар Планина

Вести

Попова Шапка нема да мирува ниту во текот на летото, изјави Адем Авзиу директорот на Елем Турс. Со цел да ги подобрите условите и привлечеме што повеќе туристи , интензивно работиме на збогатување на туристичката понуда за нашите посетители и во текот на летниот период.

Планинскиот одмор – е вистинскиот избор во топлите летни денови. Отсега, во рамките на летната понуда на ски центарот Попова Шапка, на посетителите ќе им бидат достапни индивидуални и организирани тури со АТВ возила до најживописните терени на Шар Планина (Лешница, Титов Врв, Боговињско езеро, Караникола, Џини Бег и др. Покрај новите АТВ, центарот летово нуди и индивидуални и групни велосипедски тури.
Ски центарот располага со 8 АТВ – мотоцикли и 15 планински велосипеди
Воедно, на располагање и во функција е хотелот „Славија“, како и ресторанот и пространата тераса на хотелот.
Наскоро и официјално соопштение за почеток на летните активности на ски центарот Попова Шапка.

Претходен написи
Десетта јубилејна обука за планинарски водичи на ФПСМ во категорија А1
Следен напис
FIS Rollerski меѓународни натпревари