Иако Швајцарија генерално ја сметаме како попланинска од нас, заради височината на алпите, Македонија е една скала пред Швајцарија во однос на процентот на планините од вкупната територија. Дури и кај хималајскиот Немал, 80% од територијата подпаѓа под планински зони.
Имплементација на стратегии за одржлив развој, не само како празни теории, туку практични решенија според швајцарскиот пример и модели, се гаранција за стабилна економска егзистенција и развој во сферата на туризмот, енергетика, земјоделие, шумарство. Бројните запуштени планински села треба да станат егзистенцијална платформа за новите модерни online генерации. Асфалт, вода и интернет во секое населено планинско место, наспроти концентрирана бетонизација на животните навики во големите урбани точки.