Стопирани контраверзните планови за спојување на Sölden и Piztal 

Вести

Беше планирано спојување на двете австриски глечерски области во Тирол. Имаше големо противење од еколозите и локалните жители.


Проектот би ги поврзал скијачките центри Sölden и Piztal за да се создаде најголемата глечерска скијачка област во Европа.

Меѓу планираните градежни проекти беа:

• Три нови ски-лифтови
• Трикатна железничка станица (повеќе од 15.000 m² оперативна површина)
• Ресторани и барови (за најмногу 1.600 гости)
• Тунел (600 m должина, 7 m дијаметар)
• Асфалтиран резервоар за вода (104.000 m³)
• Дополнителни системи за вештачки снег
• Повеќе од четири километри патишта и патеки
• Нивелирање и отстранување на мразот на 72 ha глечерски терен
• Мелење на планински гребен од левата страна на Fernerkogl  за 40м и
120.000 m³

Плановите наидоа на негодување од некои поради еколошки причини бидејќи изградбата ќе влијаеше на пејзажот, а некои на теренот на глечерите.

Значајна беше и локалната опозиција.

„Од самиот почеток, согласноста на локалната заедница беше основниот услов за да размислиме и планираме спојување со Ötztal Glacier и скијачката зона Sölden “, се вели во соопштението на Pitztaler Gletscherbahn.

„Ова повеќепати ни беше сигнализирано од општината и јасно потврдено со неколку едногласни решенија во општинскиот совет.

„Резултатот од референдумот во  St. Leonhard за планираното спојување сега покажува поинаква слика и ние секако ќе ја забележиме.

„Сега останува на заедницата  St. Leonhard да ги донесе соодветните заклучоци.

„Сепак, ни е јасно дека повеќе нема да го продолжиме проектот за спојување кој беше планиран од 2016 година и сега е затворен“.

Биодиверзитетот во опасност вклучуваше извори, потоци, реки и животни. Многу од алпските треви и шуми се загрозени живеалишта кои се заштитени со регулативите на ЕУ. Планираното проширување би се протегало од Mittelberg во Pitztal преку Griestal до Linker Fernerkogel.

Тоа би зафатило три глечери.

Само 7% од националната територија на Австрија сè уште се во природна состојба и ослободени од техничка инфраструктура.

„Ако изведувате градежни проекти од оваа големина таму горе, го менувате дивиот, недопрен високопланински пејзаж во индустриски пејзаж“, рече вработен во австриското алпско здружение, Бенџамин Стерн.

Брендот за outdoor облека , Patagonia , се приклучи на опозицијата со објавување на документарен филм за планот, Vanishing Lines.

„Високите планини на Алпите се загрозени бидејќи програмите навлегуваат уште повеќе во име на проширување на скијачките центри и нивната инфраструктура, сето тоа среде опиплива климатска катастрофа“ изјавија од Patagonia .

Претходен написи
Ослободителна пресуда за таткото и ќерката од Косово кои бесправно градеa бунгалови во Леуново
Следен напис
Голема суша и претоплото време алпите под притисок и тест на издржливост