Сите љубители на зимските спортови и зимските патувања ќе имаат можност на едно место да разгледаат поголема понуда на саемот за зимски спортови и ски туризам во Белград. Од 1 до 4 декември 2022 година по 36 пат се одржува саем за зимска опрема Експо-Зим, чија цел е промоција на зимскиот туризам и понатамошна популаризација на зимските спортови. На овој собир и оваа година ќе учествуваат излагачи и светски брендови како Atomic, Fischer, Rossignol, Nordica, Elan, Volkl, Marker, Dalbello, Dainese Uvex, Scott , Salomon, Spyder, The North Face, Emporio Armani, Burton, Nitro, Oneill, Quiksilver, DC Shoes, Roxy Carrera, Leki, Bula, Level, Zanier, NGN, GoPro, SIDAS, BootDoc.
Дел од програмата покрај врвната спортска опрема се и туристички понуди и услуги, машини и опрема.