Почина планинарот кој падна од карпа кај Титов Врв

Вести

Трагичен крај, по спасувачка акција на падините на Шар Планина. Дваесет и осум годишен планинар од Белгија почина откако синоќа паднал од карпа кај Титов врв.

Телото претпладнево со хелихоптер на МВР е пренесено во тетовската болница каде е констатирана смрт, велат од СВР Тетово. Оттаму додаваат дека е завршен увидот на местото на несреќата. Дваесет и четиригодишник од Куманово пак, кој бил со него и има тешки повреди бил извлечен околу три часот ноќеска и сега е во скопските клиники, каде е пренесен од тетовската болница. Тој има повреди на главата и скршеници на рамото. Од Центарот за управување со кризи велат дека теренот бил непристапен, морало да се ангажираат и хелихоптери за да помогнат, а во акцијата учествувале и специјалци на ЕБР.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека акцијата за спасување почнала уште синоќа околу 20 часот, по добиен повик за итен случај на 112, откако едниот од планинарите, кој сега веќе е починат, паднал од карпа во провалија. Помош од службите побарал неговиот другар, а при спасувачката акција полесно повредени се и двајца припадници на МВР.

Ангажирање на соодветен водич во планина е повеќе од задолжително!

Претходен написи
Снежен леопард виден на врвовите на регионот Еверест
Следен напис
Innsbruck Powder People