Депонијата под хотелот „Радика“ во Леуново е отстранета

Вести

Во октомври се појави новата депонија под хотелот „Радика“ во селото Леуново на Мавровското Езеро. Надлежните тогаш ветиле дека ќе излезат на терен и ќе интервенираат. Претставници на Националниот парк Маврово велат дека се работело на внатрешно реновирање на хотелот и дека градежниот шут времено се остава. Во меѓувреме сопствениците на хотелот „Радика“ биле посетени и од инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина. Направиле записник и рок за враќање во првобитна состојба, а веќе деновиве депонијата ја нема и шутот бил уредно преместен на соодветна депонија.

Претходен написи
Нордиската репрезентација на тренинзи во Ливињо
Следен напис
СКИ МАГАЗИНОТ SKIYU ПРЕТСТАВЕН ВО БЕЛГРАД