Викенд планинска прогноза 24-25 декември

Вести

Во текот на овој викенд условите за движење в планина ќе бидат речиси одлични, барем за декемвриски стандарди. Ама, зимски услови не барајте, бидејќи од зима на планина речиси нема ни трага ни глас, барем кога станува збор за вообичаениот зимски пејзаж. Така што, календарски гледано, ќе направите зимска тура, реално гледано тоа би била есенска приказна.

САБОТА: 

Наутро и претпладне ниска облачност и магла по котлините, а веќе од 500-800 метри релативна висина над котлините ќе има само висока, цирусна облачност, која околу пладне ќе се расчисти, така што и некоја маица на куси ракави не е на одмет да имате со вас. Видливост, над слојот со ниска стратусна облачност – одлична.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:  2800 метри.

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:  околу 7°С.

Ветер на 1500м: Слаб северен.

Ветер над 2000м:  Умерен северозападен.

НЕДЕЛА: 

Наутро локално со услови за ниска облачност по котлините, а претежно ведро над овој слој. Заради северното струење температурата нешто пониска во однос на сабота, но не драстично.
Видливост, над слојот со ниска стратусна облачност – одлична.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2800 метри западен регион, 2400 централен и источен регион.

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: околу 5°С

Ветер на 1500м: Слаб северен.

Ветер над 2000м:  Умерен северен.

Метеорологија: Глигор Митковски (метеопро)

Претходен написи
Kaunertal сезонава ја отвори најстрмната патека во Европа
Следен напис
Демолирана внатрешноста од планинската кула на Титов врв