Снег во Шпанија

Вести

Снег падна во делови од северна Шпанија во петокот, по месеци без дожд и со високи температури кои оставија впечаток на летно, а не на пролетно време.

Невообичаен снег падна во Ла Раја, планински регион во Астурија, додека медитеранските делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и Валенсија, забележаа град и силен дожд по неколку месеци без врнежи.

Шпанија е погодена од најсувиот почеток на годината откако се измерени температурите, објави во средата државната метеоролошка агенција АЕМЕТ.

Во првите четири месеци од 2023 година падна помалку од половина од просечните врнежи. Шпанија ја забележа најсушната година досега. Годинава се забележани 11 топли денови со наднормални температури.

Претходен написи
Скијање во мај комбинирана авантура јавање коњи и ски туринг Кобилица север
Следен напис
Нов снег на Алпите