42рo традиционалното искачување на Титов Врв

Вести

Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово по 42ри пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Република Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и развој.

Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ – Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на големи традиционални планинарски акции“, Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ги поканува сите друштва/клубови да земат учество на овој заеднички планинарски настан. Сите заинтересирани друштва/клубовизадолжително е да се пријават преку формуларот за пријавување и изјава на координаторот (во прилог), со што би стекнале статус на учесник во организираната активност.

СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ

– Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација.
– Обезбедено е ноќевање во:
– Хотел Славија – Попова Шапка по цена од 900 ден (15 €) за ноќевање
– Ве молиме, благовремено и најдоцна до 21.05.2024 г. да го пријавите Вашето учество, за да можеме да го организираме сместувањето во обезбедените сместувачки капацитети. (за дополнителни информации Ви стоиме на располагање).

КОНТАКТИ

– Игор Стојаноски – моб: +389 (0) 78 380 508
– Славчо Мановски – моб: +389 (0) 72 241 828
– e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ

25 мај 2024 (сабота):

– 12:00 часот – 13:00 часот – прием на гости во хотелот „Славија“ – Попова Шапка
– 13:00 часот – 18:00 часот – активности
– 19:00 часот – свечено отворање на настанот во холот на хотелот „Славија“ – Попова Шапка.
– 19:30 часот – состанок со координаторите на групите на кој ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество
– 20:00 часот – 23:00 часот – планинарско дружење и забава.

26 мај 2024 (недела):

– 06:30 часот – Тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“!
– 11:00 часот – пристигнување на колоната на Титов Врв
– 12:00 часот – тргнување на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка
– 16:00 часот – пристигнување на Попова Шапка, послужување со планинарски чај организиран од „Пријателите на Шара“, забава со диџеј и отворени штандови со локални производи
– 18:00 часот– испраќање на гостите и затварање на настанот.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето може да се изврши:

– со испраќање на скенирани оригинални формулари и изјави (во прилог), на официјалната мејл адреса на П.К. Љуботен – kontakt@pkljuboten.org.mk, најдоцна до 21.05.2024 г., до 19:00 часот,
– телефонски на горенаведените контакти најдоцна до 21.05.2024 г., до 19:00 часот, при што пополнетите формулари и изјави ќе ги доставите при пристигнување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на 25.05.2024 г., до 18:00 часот.
– Пријавувањето се врши со цел верификација за учество на 42то традиционално искачување „Титов Врв 2024“ на друштвата/клубовите и организираните здруженија и доделување на диплома за учество.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСКАЧУВАЊЕТО

– Движењето се одвива по Вакуфска Патека во организирана колона по наведената програма!
– GPS податок за патеката Ви доставуваме во прилог!
– Координаторите на друштвата/клубовите, задолжително да присуствуваат на состанокот со координаторите!
– Координаторите на друштвата/клубовите се одговорни за пријавените членови од матичниот клуб и секој координатор потребно е да има обезбедено доволен број на водичи сразмерно на бројот на пријавени учесници од матичните клубови – согласно препораките на ФПСМ („упатство за број на учесници во планинарска акција за планинарски водичи“)
– Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа!
– За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за во зимски услови!
– Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција!
– Сите индивидуални лица кои сакаат да земат учество на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб и организирано здружение со формална пријава.
– Организаторот го задржува правото за промена на програмата во зависност од временските услови.

Напомена: Планинарскиот Клуб „Љуботен“ не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за учесници кои немаат доставен формулар за пријава! Сите формално непријавени друштва/клубови и учесници се смета дека не се дел од организацијата на 42то традиционално искачување „Титов Врв 2024“.

Претходен написи
Јужна хемисфера oтвара откако рано им падна снегот
Следен напис
Македонија добива „Бесконечна“ трансверзала долга 2070км !