Titov Vrv SkyRace 2024

Вести

Национално првенство на Македонија во “Скајранинг”

Со техничка оцена 1+ / 22,5 поени
Должина 19.8км со
Висинска разлика 1900м+
Од оваа година највисоката трка во Македонија им носи бодови на сите натпреварувачи кои ќе земат учество во трката и ќе бидат официјално бодувани на ISF ranking листата.

„Титов Врв Скајрејс“ претставува екстремна високопланинска трка, со вкупна должина на патеката од 20 километри и висинска денивелација од 1.900 метри (искачување и спуштање). Според своите карактеристики, се дефинира како „скајранинг“ натпреварување, а теренот по кој минува е суров и на места каменест. Стартот и финишот на трката се на Попова Шапка на 1.750 мнв, а се искачуваат неколку врвови над 2.500 мнв. меѓу кои и највисокиот на Шар Планина, Титов Врв, со 2.747 мнв. Овој настан се одржува во континуитет од 2019-та година, со веќе реализирани пет успешни изданија, со присуство на домашни и странски натпреварувачи.

регистрација

Оваа трка меѓу другото е и национално првенство и изборна трка од која се формира скајранинг репрезентацијата на Македонија.

„Титов Врв Скајрејс“ е многу повеќе од само спортски натпревар, настанот ги промовира природните и туристичките потенцијали на Национален парк Шар Планина, значењето на природата, планинарството и промоција на планинското трчање преку уживање на бесценети погледи на долините долж патеката.

Опис на патеката:
Започнува од пред пансионот „Конак“ на Попова Шапка, се движи по ски- стазата “Церипашина“ до куќарката на крајот од жичарницата, а потоа, по планинарската патека оди до Антени (2.520 мнв). Од таму по гребенот (зимска патека) минува преку Казани, преку Карабунар и го искачува врвот Бакарадан (2.704 мнв) и Титов Врв (2.747 мнв). Враќањето назад е по истата рута, а финишот е пред пансионот “Конак“. Покрај постоечката планинарска маркација (црвено-бела) на оваа патека, од страна на организаторот се поставени и дополнителни црвено-бели ленти. На патеката има две контролни и три освежителни пунктови (Антени 2.520 мнв. и седлото помеѓу Бакардан и Титов Врв на 2.500 мнв., врвот Титов врв 2748 мнв.) каде има обучени контролори и волонтери. Помеѓу станици има и дополнителни волонтери кои шетаат низ патеката, бодрат а во случај на непредвидена ситуација се тука да пружат помош. Дополнително за безбедност на настанот е ангажиран спасителен тим и доктори.

Претходен написи
Линијата која заработи 20.000 долари
Следен напис
Релизирано шестото издание на Охрид Ултра-Треил