Македонија преку Anhoch доби ексклузивен технолошки ИТ, гејминг и аудио супер центар!

Вести

Најголемата македонска ИТ компанија Анхоч го отвори својот најнов, модерен продажен салон – Анхоч Дискавери (Anhoch Discovery) во Рамстор Мол во Скопје.

Најсовремен салон на 500 квадратни метри вистински рај за сите љубители на ИТ, гејминг и аудио опрема.

На свеченото отворање присуствуваа стотици љубопитни посетители ги видоа новитетите што ги нуди Анхоч Дискавери.

Анхоч докажа зошто е лидер во ИТ секторот, претставувајќи продажен салон со врвен, современ дизајн. 

Новиот салон не само што е најголем и најексклузивен, туку е и опремен со иновации кои го прават уникатен. Автоматските електронски цени, базирани на еколошки принципи, се само дел од новитетите кои Анхоч ги применува во своите продажни простори. Анхоч Дискавери располага со посебна гејминг зона и аудио соба, дизајнирани да ги задоволат сите вкусови и потреби.

Специјализиран единствен Нинтендо штанд каде може да се пробаат легендарни игри: Super Mario Bros Wonder, Mario 3D World + Bowsers Fury, како и легендарната Mario Kart 8 Deluxe! И тоа на Nintendo Switch OLED.

Штандот е официјално поддржан од Nintendo EU и е наменет да го доведе Nintendo брендот поблизу до купувачите во Македонија.

Анхоч како овластен продажен партнер на Nintendo, создава место каде што не само што ќе може да се искуси оваа фантастична конзола, туку и да може да си го надградите свич-от, со еден од официјалните додатоци по најповолни цени.

Дополнително, за аудиофилите, аудио собата е вистинско уживање, нудејќи шанса соодветно да ја искусите моќта на најразлични звучници и аудио системи.

Анхоч продолжува со својата посветеност кон професионалната услуга и широката понуда на квалитетни производи.

Задоволството на клиентите е приоритет на компанијата, што се потврдува со секој нов чекор што го преземаат.

Анхоч Дискавери (Discovery) е уште еден доказ за тоа, нудејќи им на клиентите единствено искуство и врвна услуга.

Анхоч е најголемата Македонска ИТ компанија со 30 годишно присуство на пазарот.

Со 20 продажни локации и повеќе од 150 вработени низ цела Македонија, компанијата продолжува да го диктира темпото во ИТ секторот, нудејќи најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и останата ИТ опрема.

Претходен написи
Охрид двојно да ги зголеми цените на услугите и око да не му трепка
Следен напис
Акциони камери и дрон опрема што користиме што препорачуваме