Акциони камери и дрон опрема што користиме што препорачуваме

Летото е период кога природата на планина е во полн ек и ја покажува својата величественост. Сончевата енергија, делотворниот витамин Д, чистиот кислород и прекрасните пејсажи ги прават планинските зони една од најомилените дестинации за одмор, мир и полни батерии.

Доколку си еден од оние што сакаат да ја искусат авантурата и адреналинот на планина во креативен формат и сака целото доживување да го пренесе на своите социјални мрежи, дефинитивно акционите камери се неизбежен додаток кој треба да го понесете со тебе.

На македонскиот пазар, најголемата понуда за акциони камери, дронови и пропратна дигитална опрема, моментално може да ја најдете во Анхоч, online или низ големата мрежа на продавници низ Македонија

Широк спектар на различни модели, дизајнирани за сечија потреба од аматерски до можност за снимање на висококвалитетни акциони кадри.

Ние на нашите репортажни авантури ги користиме водечките high end брендови и опрема од програмата на GoPro, DJi, Canon и Insta360. Работата при екстремни температури, длабоки долини и големи височини, бара опрема која нема да ги изневери очекувањата при снимање на комплицирани кадри кои имате можност да ги фатите само еднаш без простор за повторување. Користиме модели од Insta360 X3, GoPro Max, GoPro 11, GoPro8, GoPro7 гимбал – стабилизатор, дрон за професионална намена DJi Mavic Pro сериите. За ваше лично задоволство новите серии на DJi Mini 3 и Mini 4 се пеколно квалитетни.

Ова се модели кои нудат широк спектар на бои и перформанси за пост-продукција, видео едитирање, колор корекција. Видео монтажа на водечките софтвери како Adobe Premier и DaVinci Resolve.

Способни да обезбедат фотографии и видео со највисок квалитет во пејзаж или портрет режим. Пример, GoPro HERO11 Black снима огромни 27-мегапиксели во формат 8:7 и видео во вкусен избор од 5,3K @60fps, 4K @120fps или 2,7 K @240fps резолуции, широк FOV (Filed of View) благодарение на новиот сензор за слика.

Пример видеа кои се снимани само со GoPro и DJi опрема

Од друга страна, доколку сакаш да фатиш кадар, каде снимањето ти е игра, важна ти е големата слика на моментот и забавниот карактер, а не деталите, тогаш ќе поминеш и со поевтини акциони камери на марките Denver, LDK или MOYE. Камери за под вода и над вода со сосема добра резолуција кои ите како добро ќе поминат на Instagram , Facebook, Viber итн.

Опрема најчесто набавуваме во Анхоч, целата моментална понуда тука

Претходен написи
Македонија преку Anhoch доби ексклузивен технолошки ИТ, гејминг и аудио супер центар!