La Plagne едно од најпопуларните француски центри за скијачите и сноубордерите во Британија, а богами и за нас кои редовно сме таму веќе 10 години, зимава открива ново искуство – Aérolive.
Две отворени кабини, додадени на гондолата Glaciers, кои искачуваат до Live 3000, највисоката точка на центарот.
Минималистичкиот дизајн на овие кабини е намерна изложеност без стандардна заштита освен врзани со појас, нудејќи 360 степени непречен преглед и доживување на величествените алпски пејзажи.
На крај од станицата следи панорамска тераса пропратена со шармантното кафуле Sixième Ciel за брз одмор пред спуштањето.
Скијачите можат да скијаат по црвени или црни патеки или да се вратат со гондолата во потрадиционална, затворена кабина.