Каква храна е најдобро да понесете на планинарење, велосипедизам или скијање

Опрема и Совети

Кога правите повеќе дневни планинарски тури и захтевни турно искачувања, добро е да имате високо енергетско мени за одржување на добра кондиција. Заборавете на газирани пијалоци полни со шеќер, огромни сендвичи со салами, мајонез, паштети или бурек кои не траат долго, енергетски се речиси бескорисни и за кои можноста да ви го расипат денот е голема. Доколку појдовна станица ви е некој хотел, барем не се прејадувајте пред да појдете на скијање, планинарење или возење точак.

Караниколичко езерот, Шар Планина

Сите знаеме колку е важна храната и водата за хидрирано тело, некои не можат да одолеат на гурманскиот комфор, па и во планина носат изобилие на храна која претставува дополнителен простор и тежина. Во сооднос со останатата опрема и простор во ранецот, добро е да имаме филтрирана, претходно спремена и практична храна.

Со цел да ги имате на располагање сите вкусови, наполнете ја вашата кутија со ефикасна храна:

– Мешавина од суво грозје, брусница, табла црно чоколадо, енергетски чоколади, барови или гелови

– Мешавина од јаткаста храна како лешник, бадем, орев, кикирики, семки од сончоглед, тиква, високо енергетска храна кои во комбинација со сол добро ќе ве закрепнат од дехидрирањето кога телото бара соли како резултат на многу потење.

– Парче кашкавал стои повеќе од што мислиме и е добро да се комбинира со двопек, кекс или тортиља тесто.

– Варено јајце, малку тестенини, помешани со свеж зеленчук се супер оброк при голема пауза на планина. Ќе ви ја освежат енергијата, а нема да ви прават потешкотии во стомакот при понатамошно движење.

– Мала конзерва со риба обезбедува здрави протеини

– Парче свежо овошје (лимон, портокал, ананас, банана, сливи)

– Претходно исчистени и средеи свежи парчиња на зеленчук (морков, краставица, кромид, лук, цвекло, патлиџан, пиперка)

– Течности, преферирајте ладна вода, термос со топол чај при активности во студени региони. Секогаш внимавајте на добра хидратација и баланс со електролити затоа што при голем напор и многу потење се губат значителни количини на натриум и калиум. Многу спортски пијалаци содржат натриум хлорид или калиум хлорид и шеќер за да се обезбеди вашето тело со екстра енергија.

Сета оваа храна обезбедува доволно енергија која е потребна за физички напор, а количината што треба да ја понесете зависи од вашите потреби и бројот на саати или денови во планина.

Јелак, Шар Планина
Претходен написи
Летни активности на ски клубовите
Следен напис
When in Krusevo 2020