Попова Шапка, 2 октомври, првите офанзивни дејствија на зимата.
Македонија во вителот на студениот бран, облачно и студено со обилни врнежи од дожд, на планините паѓа снег. Дува умерен – засилен ветар северен правец, се очекува 50см + во северозападните зони над 2000м на Шар Планина, Кораб, Караџица. Во зоните на ски центрите Попова Шапка и Маврово до 30 см снег. На југот на Македонија снегот ќе биде во помала варијанта.
