Имајќи во предвид дека добиваме потопли зими, веројатно ноќното скијање низ ски центрите ќе станува се поактуелно заради подобар квалитет на ски патеките на пониски температури.
Од оваа скијачка сезона на Копанки ќе може да се скија и после 19 до 22 часот! Проектот се реализира со поддршка на Владата на Македонија, АД ЕСМ и Општина Битола. Изградбата на системот за осветлување ќе овозможи сите љубители на зимските спортови да доживеат уникатната атмосфера на Пелистер под ѕвезденото небо.