Tour de Lake(s) 2019
Илинденска велосипедска тура која во еден ден ги обединува Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Галичица.
Детали за турите
Датум: Петок, 2 август 2019
Време на пристигнување: 7 ч.
Време на старт на турата: 8 ч.
Место за старт и финиш: Buffalo Beach (плажата за одбојка на песок)
Должина на турата:
1. Тура од 150 км покрај Охридското Езеро, Преспанското Езеро и преку Галичица со вкупно искачување од 2.500 метри
2. Тура од 90 км околу Охридското Езеро со вкупно искачување од околу 1000 метри
Учеството во турите е бесплатно. Пополни ја пријавата за да го осигураш своето место во групата.
Во турата може да учествува секој кој се чувствува подготвен да извози со велосипед во еден ден 90 или 150 км, кој располага со исправен велосипед и кој ќе ги почитува советите и инструкциите од страна на водичите на групата. Возењето е по асфалт и изобилува со нагорнини па се препорачува учесниците да бидат во добра физичка подготвеност и со активно возење велосипед во текот на сезоната.
За минувањето на границите е потребно да се носи лична карта или пасош.
Возењето за цело време на турата е во група и е задолжително да се почитува распоредот на паузите кои се неопходни заради должината на турата како и заради високите температури во летниот период.
Секој ја вози турата на сопствена одговорност.
Location
Galicica, MKDirections
Could not find route!
- Schedule
- Guests
- Attendance
- Forecast
- Коментари
Weather data is currently not available for this location
Weather Report
Today stec_replace_today_date
stec_replace_current_summary_text
stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units
Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction
Humidity stec_replace_current_humidity %
Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units
Forecast
Date
Weather
Temp
Next 24 Hours
Powered by openweathermap.org