Субвенции за велосипеди и електрични скутери Град Скопје

Вести

Согласно планираните финансиски ресурси, Град Скопје годинава ќе додели субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични скутери. Новина е што ќе можат да се достават фискални сметки од 01.01.2020 година. Средствата кои Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, не повеќе од 3.000 денари по лице, вклучувајќи персонален данок на доход и 30% од вредноста на скутер, не повеќе од 7.000,00 денари. Повикот е отворен до 30.11.2020 година или до реализација на средствата, а се реализираат по принципот „прв пат дојдени прв пат“. Едно лице може да достави само едно барање за субвенција.

Услови кои треба да ги исполните:

– да биде жител на Град Скопје

– дека нема веќе искористена субвенција за набавка на велосипед

– новиот велосипед или електричен скутер да е купен во Македонија од 01.01.2020 година до исцрпување на буџетот , не подоцна од 30.11.2020 година;

Подносителот на барањето до Град Скопје треба да достави:

– барање и изјава за субвенција за набавка на велосипед (Барањето и изјавата може да се подигнат во архивите на Град Скопје или може да се обезбедат од веб-страницата на Градот

– доказ за престој во градот Скопје, со поднесување на копии од важечка лична карта до барателот;

– фотокопија од трансакциската сметка;

– изјава дека досега не користел субвенција за набавка на велосипед од Град Скопје (за повик за субвенции за велосипед);

– доказ дека е купен нов велосипед или електричен скутер од Македонија, со оригинална фискална или фактура од 01.01.2020 година, не подоцна од 30.11.2020, плаќањето на рати не се прифаќа.

Барајќи надомест за дел од трошоците за набавка на велосипед или електричен скутер, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик, ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивот на град Скопје, бул. Илинден бр.82, ​​секој работен ден од 09 до 15:00 часот.

Претходен написи
На автриски Mölltaler ќе се лизга од 6 јуни 
Следен напис
Како изгледа Шарска авантура во овој период од годината