На автриски Mölltaler ќе се лизга од 6 јуни 

Вести

Австрискиот глечер Mölltaler ќе ја започне летната сезона на 6 јуни 2020 година. Многу ски-клубови се веќе во „низок старт“. Во моментов, висината на снегот е над 150 см. Скијачкиот центар Mölltaler располага со 9 жичарници и ски-лифтовите кои се поврзуваат на 24 км скијачки патеки кои зафаќаат површина од 210 ha, од кои повеќе од 90% се покриени со снег. Дневена ски картата чини 49 евра, а е-карт купена електронски 41 евра.

За оние кои сакаат да истражуваат повеќе интересна информација е и сезонскиот ски-пас „Cleverer Saisonpass Premium“

Заинтересираните можат да ја купат сезонската скијачка карта„Cleverer Saisonpass Premium“ до крајот на јуни по цена од 329 евра. Картата е валидна за ски-центрите Mölltaler и Ankogel Mallnitz , како и регионално за шест други ски зони во Словачка, Чешка и Полска. Картата е со важност до 9 мај 2021 година.Во Mölltaler  сезоната трае 10 месеци. Од 1 јули 2020 година, цената на овој ски-тикет ќе биде 449 евра. Сезонскиот билет важи во следниве скијачки центри: Molltal Glacier (AT), Ankogel (AT), Jasna (SK), Tatranska Lomnica (SK), ajna Štrbske Pleso (SK), Stary Smokovec (SK), Szczirk (PL) и Špindleruv Mlyn (CZ).

Светскиот куп „Јасна 2021“ ќе се одржи во словачкиот центар Јасна на 6 и 7 март 2021 година, па ски картата нема да може да се користи тие денови. Инаку сопствениците на ваква ски карта ќе располагаат следниве бонуси, 15% во рестораните на ски-центрите и продавниците низ скоро сите овие ски зони Mölltaler , Jasna, Tatranska Lomnica, Štrbske Pleso, Stary Smokovec, Szczirk и Špindleruv Mlyn. Како и еден бесплатен сезонски ски рентал на ски-опрема во скијачките центри Jasna, Tatranska Lomnica, Štrbske Pleso, Szczirk и Špindleruv Mlyn.

Претходен написи
Поволен ски пристап Визер со нова авиолинија Скопје – Салцбург
Следен напис
Субвенции за велосипеди и електрични скутери Град Скопје
Мени