Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, деновиве беше домаќин на работна посета на австрискиот канцелар, Себастијан Курц. Главните теми на разговорите актуелните теми, а каков е односот меѓу овие две земји говорат и сликите. Покрај работната посета, двајцата премиери најдоа и време за неформална дружба, планинарска тура и качување карпи до националниот парк Триглав.
“Бев многу среќен што можев да направам планинарска тура со Јанез Јанша како искусен планинар во прекрасниот национален парк Триглав со импресивни пејсажи!” изјави Себастијан Курц.
“Северна Триглавска стена е сè уште закон. Особено ако го започнете во магла и облак и го завршите на попладневно сонце во друштво на одличен планинар и соговорник Себастијан Курц и одличните словенечки водичи на планина” изјави словенскиот премиер Јанез Јанша.
п.с. Македонија нормално не располага со ваков калибар на пасионирани политичари, планинари или скијачи кои би придонеле и би лобирале за поголем развој на планинарската инфраструктура и ски центрите. Главните бизнис инвестиции се делење маркици за згради, а маркица за нова ски патека или нови ски лифтови и гондоли е мисловна именка за после 50 години.