Уживајте во планините со вашите деца

Уживајте во планините со вашите деца

Позитивно планинско искуство за младите може да го промени начинот на кој тие гледаат на светот и правилно да ги насочи во понатамошниот тек од живот. Плус тие веројатно ќе го паметат засекогаш. Вистинските придобивки од истражувањето на планините оди многу подлабоко од само ценење на околината или подобрена кондиција (иако и овие работи се исто така вредни), туку и зголемената самодоверба, што се развива кај младите ќе има огромно позитивно влијание врз нивниот развој.

Направете позитивно искуство

Сè започнува со нивно изнесување на отворено и на планина. Пешачењето по планини со деца е лесно. Потребен ви е само убав ден, многу време, малку трпеливост и многу чоколадо. Потребна ви е и планина – а барем ние во Македонија имаме многу од нив. Водно ни е прекрасен потенцијал толку блиску до нас и не смееме да го потцениме како тренинг полигон, за едноставно и на лесен начин да ги навлечеме децата на висините. На децата им треба многу охрабрување за искачување нагоре, и многу запирања за одмор. Надолу, тоа е обично спротивно: децата имаат тенденција да истрчуваат напред, додека возрасните сфаќаат дека младите колена се многу подобри во спуст од колената на родителите.

Мотивирајте ги

Ако сте искусен шетач, веројатно сте научиле како да се грижите за себеси во планините. Грижата за деца во планините е сосема нова игра и сè започнува со мотивација. Ако луѓето се мотивирани (ова дефинитивно важи и за возрасните), половина од битката е веќе добиена.

Освен во случај децата да се навистина љубители на отвореното, повеќето тинејџери и млади луѓе нема да гледаат на „одиме на прошетка“, како доволно добра причина за да уживаат. Всушност, таа фраза веројатно ќе предизвика аларм и негодувања кон предложената прошетка. Многу подобро, особено со помладите деца, е да се „истражува“ или да се прави „авантура“, или што било друго освен „одење“.

Останете безбедни

Одењето на планина е авантура и може многу да се добие ако имате авантури како семејство. Како родител, вие сте одговорни за управување со ризиците вклучени во прошетките по планина. Најдобар начин да се справите со ова е да бидете сигурни дека знаете како да се движите, да го испланирате добро денот, да се спакувате соодветно и да го промените планот доколку е потребно. Кога е соодветно, важно е да се вклучат децата во какви било одлуки поврзани со безбедноста. Со тоа ја зголемувате нивната свесност за ризикот и за тоа како да се справaт со него.

Начинот на размислување што е единствено фокусиран на безбедноста не им помага на децата и на младите. И покрај тоа што ги чува безбедни, може да им ги негира самите искуства што им помагаат да научат како да се справат со предизвиците со кои што може да се соочат во животот. Општо мислење е дека нашето општество стана премногу фокусирано на намалување или елиминирање на ризикот во детството. И истражувањата сугерираат дека прекумерната заштита на децата може да доведат до подолгорочни проблеми со менталното здравје и благосостојба.

Што ако немате поим како да прочитате мапа?

Одете некаде каде што нема да ви се потребни вештини за читање мапи. Кое било место со обележани патеки или патокази е добро место за почеток; парк шуми, некои селски патеки,  сите обезбедуваат релативно едноставни можности за одење кои не бараат никакви вештини за читање мапи. Децата сакаат да бидат главни и да бидат одговорни за следење на знаците што може да биде одличен почеток за поттикнување на нивната независност и вештини за донесување одлуки.

Ако сакате да се справите со нешто што е над вашите можности, веројатно вреди да се најде пријател кој знае што прави или да платите искусен водач за да ве води. За лиценцирани водичи можете да се обратите до планинарските клубови во вашиот град или до Федерацијата на планинарски спортови.

Алтернативата е да се зачлените себе си или целото семејство во планинарски клуб каде можете да се здобиете со основни познавања, наменети за целосни почетници или оние со некакво искуство во планинарење, а воедно и да одите на некоја тура заедни; или конечно да се квалификувате со лиценца за планинарски водич преку соодветна обука, па самостојно да се стекнете со потребното знаење. Се друго оставаме на вашата имагинација 🙂

т.д

Претходен написи
Се воведува целосна забрана за движење во шумите
Следен напис
Со патики на планина да или не?