Го следиме Alexis Pinturault кој по неизвесна сезона и победа над вирусот, на голема врата се спрема на снежните патеки.
Најдобриот француски скијач од минатата сезона, заедно со група на слалом скијачи од неговиот тим предводени од Clément Noel и Baptiste Grange е на подготовки за почетокот на Светскиот Куп во Sölden на 17ти-18ти Октомври.
По двомесечни припреми на физички план, прекинати само со одморот во Португалија, Alexis Pinturault од крајот на август е на снежни подготовки во Les Deux Alpes, глечерот на Француските Алпи, за сега веќе да се префрли на швајцарскиот Saas-Fee.
Човекот за кој Hirscher при своето повлекување го најави како свој наследник, Pinturault ги прифаќа ваквите очекувања пред почетокот на сезоната од Светскиот Куп во Австрија.
Pinturault беше водечки се до финалето на Светскиот Куп во Италија кои се откажаа но со натпревари останати во Норвешка и Словенија – во мртва трка за титулата со норвежанецот Kilde.
Pinturault, се надева да биде првиот француз кој ќе победи во генералниот пласман после Luc Alphand во 1997 г.
За него изминатата (прекината сезона) заврши неславно, со второ место во генералниот пласман зад Норвежанецот Aleksander Aamodt Kilde. Сето ова поради откажување на крајните трки во Словенија заради covid вирусот.
Разочаран од ваквиот расплет по неизвесната битка со Kilde цела зима, на крајот Pinturault даде само позитивни критики за Kilde, дека бил најконстантен цела сезона иако не победувал многу. Pinturault, кој е од мајка норвежанка од најмали нозе скија во Фанција.
Pinturault кој го прослави својот 29ти роденден во март годинава, после роденденот заедно со неговата сестра станаа позитивни на covid вирусот со умерени симптоми некои 10тина дена и не беа хоспитализирани.
Тој изјави дека не било толку лошо да не може да функционира иако бил болен и не се чувствувал добро, но не морал да лежи цело време дур се опоравува. За него било прилично ОК. Потоа отиде да тренира на Француските Алпи во Courchevel и во Val d’Isere за последни ски тренинзи пред летната пауза.
Pinturault го избрал скијањето пред фудбалот на негови 15 години, а потоа дебитира на Светскиот Куп на 17г. Стана најтрофејниот Француски скијач на Светскиот Куп со три олимписки медали и Светска титула во алпска комбинација.
Последната сезона беше едно животно искуство за него. Од една страна болеста не го погоди премногу и ја поднесе како посилна настинка, но многу го поремети неговиот план и очекувањата за крајот на сезоната од Светскиот Куп. Тоа го довело до разочарување и депресија бидејќи било ситуација која не може да ја контролира. После една сезона во која беше вистинска ѕвезда, се подготвува да продолжи со исто темпо.