Аларм од Италија месец дена 83 смртни случаи

Вести

За нецел месец италијанската служба за планинско спасување (CNSAS) регистрираше 83 смртни случаи и 5 исчезнати лица по планините низ Италија  21 јуни и 23 јули 2025 година. Загрижувачки статистики кои укажуваат на значително зголемување на смртните случаи во споредба со претходните години.

Зошто такво зголемување?

Бројот на спасувања зголемен за дури 20% во споредба со минатата година, а бројките ги надминаа претходните рекорди.

Најпогодени се рекреативните планинари, кои сочинуваат околу 60% од жртвите – најчесто падови, исцрпеност, мали несреќи или ненадејни здравствени проблеми. Останатите жртви се поискусни планинари, планински велосипедисти, параглајдери и други ентузијасти кои честопати ги преценуваат сопствените способности и ги игнорираат ризиците.

Опасното влијание на социјалните мрежи

Растечкиот број на несреќи е поврзан и со феноменот на социјалните мрежи. Сè повеќе луѓе се обидуваат да имитираат опасни подвизи видени на интернет – без доволно знаење, опрема или физичка подготвеност.

Примерите вклучуваат поединци кои се обидуваат да се искачат на високи врвови во обични патики, без претходна проверка и проценка на временската прогноза, техничките барања на рутата или сопствените граници на издржливост.

Опрема и подготовка: клучот за безбедноста

Недостатокот на основна опрема и реална слика, проценка за ризиците е честа причина за несреќи. Само половина од сите планинари носат соодвента опрема, сува облека и заштитна јакна, што може да биде клучно во случај на ненадејна промена на времето.

Трошоци за спасување и одговорност

Во Италија, спасувањето се наплаќа, цените варираат зависно од регионот до 1000 евра. Уште поголем проблем е фактот што голем број од спасените одбиваат да ги платат трошоците, иако интервенцијата честопати била клучна за нивниот опстанок.

И покрај тоа што системот сè уште функционира, планинските спасувачи, претежно волонтери, се изложени на притисок и исцрпувачко темпо секој ден, со повеќекратни интервенции дневно.

Оваа летна сезона во Италија покажа колку планините можат да бидат опасни кога се пристапува кон нив без почит, знаење и подготовка. Повеќето несреќи можеа да се избегнат со основни безбедносни мерки и одговорно однесување.

Ако планирате патување на планинa:

Реално процените ги вашите физички и технички способности.

Одете со искусни наши локални планинарско скијачки клубови од Македонија

Внимателно истражете ја рутата и временската прогноза.

Обезбедете основна опрема, мерино активен веш (чува топлина и ниско ниво на влажност), заштитна јакна, астро фолија, челна лампа, кацига, вода, малку храна и полнач за мобилен телефон.

Користете апликации за геолокација за да можат спасувачите брзо да ве пронајдат доколку е потребно.

Имајте на ум дека спасувањата се плаќаат и дека неодговорното однесување може да има сериозни последици, за вашиот живот, и за животите на оние што доаѓаат да помогнат.

Планината не е место за докажување, туку за почитување. Секоја авантура вреди само ако се вратиме од неа – живи и здрави. Целта не е искачен врв, целта е враќање дома!

Претходен написи
Грешки на кои треба да внимаваат планинари почетници
Следен напис
Од сезона 2026 Италија воведува задолжителна ски кацига, во Македонските закони веќе постои