Назад кон вести

Опрема за планинарење

Anhoch

Планинарењето е активности со кој се занимаваме целата година и во различни временски услови. Планинарењето носи и одредени ризици и важно е да се поседува соодветна опрема. Опремата зависи од временските услови, висината, должината на престој во планина. Но генерално постои основен пресек задолжителен за секоја планина.

Планинарски чевли – зависно од типот на искачување, постојат повеќе видови кои ги бираат планинарите. За полесни искачувања и планини се користат меки и поудобни популарно наречени трекинг. Движење низ потешки временски услови , сипар, студ, снег, карпест терен потребна е крути чевли со тврд гумен ѓон. Чевлите треба да се високи, да се намали можноста за повреда на скочнииот зглоб, да обезбедат заштита од надворешни влијанија. Ѓонот најчесто се изработува од вибрам или слични материјали (специјална гума), која обезбедува топлотна изолација и превенција од лизгање.

Облека – планинарската заедница практикува да кажува облекување во повеќе слоеви. Ние секако се облекуваме во слоеви, но какви!? Новото време на сцена ги донесе супер квалитетните технички материјали, некои природата, а други дојдоа од лабораторија.

Прв најзначаен слој, директно на гола кожа високо-технички природен материјал, 100% чиста мерино волна. Мерино неколкукратно повеќе ја пропушта влагата,  телото слободно дише. Обезбедува зголемена сувост, топлина потребна при клучи предизвици во невреме и студ. Антибактериска, антистатик, супериорен ув филтер.

Зависно од временските прилики , студ и ветар, препорачуваме , една или две мерино блузи тенки, лесни, а при движење да се покриете со јакна hardshell препорачливо Gore Tex. Средниот слој пердувеста јакна оставете ја да биде сува и корисна во период на мирување.

Јакна – препорачуваме перформанси отпор од снег, влага, ветар.

Не постои совршен изолатор од дожд после долги саати изложеност, а тоа да не создава многу влага на телото. Gore-Tex или Dermizax се водечки платна од кои треба да се изработуваат hard-shell јакни со мултифункционални џебови и отвори за вентилација и дишење.

Топлински изолатори, првенствено пердуф јакни кои треба да се носaт најчесто во мирување или при многу ниски температури.

Чорапи  топли, удобни, препорачливо волнени, по можност два пара тенки или едни специјализирани за планинарење за да се намали триењето на стапалото.

Пантолони треба да исполнат основни услови: лесни, удобни, отпорни на ветер, патенти за вентилација. Како и останатата опрема  треба да ја испуштаат влагата надвор, а не да ја задржуваат во телото.

Ракавици – зависно од условите се користат тенки, дебели некогаш и два пара комбинирани.  На ниски температури се користат ракавици со два прсти со што се постигнува подобро загревање на прстите. Секогаш носете резервни ракавици и избегнувајте да допирате со ниво со цел да ги задржите суви.

Гамашни – го покриваат делот на ногата од зглобот до коленото. Штитат од навлегување на снег во чевлите, од влажна трева, навлегување на треви и камчиња и  превентивна заштита од инсекти, змии.

Ранецот треба да одговара на потребите. За кратки еднодневни тури обично се користат ранци од 10- 30 литри, а за повеќедневни 30 до 50 литри. Планинарските ранеци поседуваат повеќе стегачи, џебови, да може да се закачи друга опрема.

Челна лампа се користи за ноќно кратко и долготрајно искачувања, 7-10 часа, користете квалитетни челни лампи заради издржливоста на ниски температури и влага.

Наочари се користат за заштита од висока ув светлина и не само за сончеви денови туку и при облачно време кога сончевото зрачење може да биде повторно големо. Се користат категории со ув ниво 300 или 400. Наочарите за скијање како модел варијанта се користат при ветер и снежна вијулица.

Дополнителна техничка опрема

Појас се користи пред се поради осигурување на движење во наврска (качување во група). На појасите можат да се прикачат, разни додатни алатки потребни за одреден терен.

Дерези се додаток на планинарската чевла за движење по замрзнати. Има повеќе типови на дерези: со каишеви, полуавтоматски и автоматски.

Цепин  дел од стандардна високогорска опрема. Служи како поткрепа при качување и симнување замрзнат снег, стрмнини каде постои опасност за пролизгување.

Штеки  за поткрепа, намалување на оптеретувањето на колената. Телескопските штеки се практични за транспорт.

Кампинг опрема

Шатор  летни лесни и повеќе сезонски и зимски, потешки но подобра изолација, дизајнирани за зимски услови.

Изомат поглога за спиење.

Астро фолија – заштита од студ , задржување на топлината околу себе

Вреќите за спиење зависно од полнењето летни и зимски, синтетички или со пердуф.

 

Croatia Osiguranje