Алгите ги јадат глечерите научниците загрижени

Вести

На италијанските алпи, на глечерто Presena се појави розов снег односно алги. Снегот во боја е честа појава на Алпите во доцна пролет и лето, но годинава алгата е со поинтензивна боја и е пораспространета.

Геофизичарот Ди Мауро од италијанскиот институт за поларни науки, при последната посета викендов, забележа „прилично впечатлив цут на снежните алги“.  „Оваа пролет и лето немавме многу снежни врнежи, а регистрирани се високи атмосферски температури. Тоа е совршено опкружување за раст на алгите“, објасни Ди Мауро.

Цветањето на алги е лоша вест за глечерите, бидејќи така апсорбираат повеќе енергија, што значи забрзано топење на глечерите. Глечерите ширум светот се побрзо се топат како резултат на климатските промени. Во октомври 2019 година, откриено е дека глечерите во Швајцарија се намалиле за 10% во последните пет години.

На Антарктикот, глечерот Денман во последните дваесетина години се повлекол за пет километри. Ако овој глечер се стопи целосно, нивото на морето ќе се искачи за околу 1,5 метар.

Претходен написи
Titov Vrv SkyRace 2020
Следен напис
Топографска карта на Македонија – ако имате дилема за име на некој планински предел или врв
Мени