Алпските пејсажи мамат импресии на Јабланица

Вести

Амер Демиши е виновникот за овие супер фотографии, ти благодариме! Јабланица е една од планините на западниот раб која привлекува добри количини на снег. Локацијата на овие фотографии е Лабунишки бачила, Струга. Околината има повеќе двеилјадарки и е поволна за рекреативнао турно скијање со маркантни врвови и пејсажи. Попознати и највисоки се Стрижак 2233м и Љапи 2185м. Фрирајд скијање може да добиете со висинска разлика од околу 600м. Покрај пристапот преку Лабуништа, Јабланица интересно е да се посети и од делот на Горна Белица со пристап кон врвовите Чумин врв, областа Крстец или директно на највисокиот Црн Камен 2257м. Во периодот што следи планираме турно тура доколку условите го дозволат тоа.

 

Претходен написи
Авторски права
Следен напис
Финалето на Светскиот Куп во Cortina се откажа поради coronavirus-от
Мени