Арктичка авантура скијање Svalbard, Мај 2021

Дестинации

Исклучителна авантура, пловење со брод, глисери и скијање низ бескрајните ледени фјордови на Svalbard во Норвешка. Местата се ограничени на група од 10 луѓе. Тоа што не го реализиравме годинава, имаме простор навремено да се спремиме за следната сезона, мај 2021 година. За оваа тура потребно е да се поседува комплетна турно опрема и преставува тура без импровизации иако операторот обезбедува водичи.

Поаѓањето на групата е од Скопје. Патувањето се реализира со два авиони, па не превзема брод. Дестинација на пристигнување е Longyearbyen, Норвешка односно ледената земја на Свалбард. За оние кои сакаат да ни се придружат од други земји, се чекаме во Longyearbyen.

Скијањето се одвива со четиридневен престој на брод, спиење во кабини по двајца, обезбедена храна во текот на целиот престој.

Цената на турата е 1395 евра + транспорт може да биде индивидуален од различни појдовни точки.

Претходен написи
Какви се позициите во хотелиерството кој е водечки во приходи
Следен напис
Трчањето здрава навика која го оддржува целото тело
Мени