Трчањето здрава навика која го оддржува целото тело

Периодот кога нема снег (доцна пролет, лето и есен) барем ние напалените на снег,  може да го комуницираме и како “меѓувреме”. Па така, во меѓувреме со цел зачувување на виткоста, силата и динамиката на телото добро е да се продолжи со физичка активност,  во случајов малку совети околу трчањето кое станува се поатрактивно како здрава физичка активност.

Трчањето кај нас генерално е сезонска култура, но со растот на атрактивноста и интересот за активен живот, планинарење,  планински велосипедизам, фрирајд и турно скијање и потребата од добра физичка кондиција тоа преминува во цело годишна спортска активност и култура, без разлика на временските услови.

Најевтино е да почнете да го разработувате вашето тело и да започнете со трчање на пролет или лето , кога ви се доволни соодветни патики и лесна облека. На ново тоа како инвестиција би чинело барем 5000 денари, каде најголема ставка се соодветни патики за трчање, околу 4000 денари.

Во напредните фази, пример, зимско планинско трчање, опремата достигнува и повеќе од 20.000 денари вклучувајќи погруби патики за различен терен, облека, хеланки, јакна, капа и ракавици за заштита од ветар, студ и влага, како и мал специјализиран ранец за хидрирање.

За полесно трчање и секако ако имате намера сериозно да се посветите на тоа како физичка активност треба да се внимава и на исхраната. Доволно течности и балансирана исхрана која треба да се конзумира барем некој час пред трчањето.

Доколу сте почетник, добро е постепено да влегувате во процесот на трчање, најпрвин на пократки релации 15-20 минути, 2-5 км, побавно темпо во кое ќе биде вклучено и пешачењето, но најважно е да не се откажувате и постепено и упорно да додавате сила и ритам од ден во ден, од сесија во сесија.

Преферирајте трчање на отворено, трчање на мека подлога, трева или земја, обично трим патеки направени за тоа, а избегнувајте асфалт заради заштита на колената и зглобовите.

Пред трчање, практикувајте вежби за истегнување или загревање на телото со пешачење, нагло воведување во работен ритам може да доведе до несакани повреди на телото.

Во прилог една инспиративна приказна за оние кои заглавиле во светот на трчањето, Fernanda Maciel, од правник до “само трчање”.

 

 

 

Претходен написи
Арктичка авантура скијање Svalbard, Мај 2021
Следен напис
Кортина д’Aмпецо и Банско најавија бесплатни одмори за медицинскиот персонал