ГРЕГОР ХАЈН ПОБЕДИ НА УЛТРАМАРАТОНОТ НА ГАЛИЧИЦА ДОЛГ 107 КИЛОМЕТРИ

Вести

Австриецот Грегор Хајн и Косоварката Аринета Мула се победниците на првата ултрамаратонска трка на Галичица, која се одржа во рамките на второто издание на Охрид ултра треил.

Трката долга 107 километри почна во стариот дел на Охрид, помина низ селата во пониските делови на Галичица и Свети Наум, по што го следеше главното било на планината и заврши во центарот на градот. Хајн стигна на целта по 14 и пол часа трчање, но организаторите кажаа дека дополнително ќе ги објават официјалните резултати.

На ултрамаратонот стартуваа 40 натпреварувачи и македонските тркачи завршија на второто место во двете конкуренции: Жикица Ивановски кај мажите и Сања Најдовски кај жените.

Охрид ултра треил содржеше и две пократки трки: на Галичица ултра долга 66 километри најбрзи беа Дејан Ангелоски од Македонија и Ерида Куршумлија од Косово, додека на 18-километарската Летница треил славеа домашните тркачи Илија Пајмаковски и Марија Пеликон.

“Фантастичен резултат и фантастична трка. Фасциниран сум од убавините и целокупната организација. Голем замор чувствувам во нозете. Воопшто не тактизирам кога трчам. Тргнувам без план и не штедам сили. Им благодарам на сите кои ме пречекаа на финишот и ме поздравија. Ќе носам убави спомени од Охрид“ – изјави Грегор Хајм по крајот на денешната трка

Охрид Ултра Треил (107 километри)

Машки

1. Грегор Хајн

2. Жикица Ивановски

3. Гентијај Ликај

Жени:

1. Аринета Мула

2. Сања Најдовски

3. Ута Ибраими

Машки ветарани

1. Борче Милошковски

2. Здравко Дејановиќ

3. Жорж Алевисос

Галичица Треил (66 километри)

Машки

1. Дејан Ангелоски

2. Антонио Каранфилоски

3. Александар Еленин

Женски

1. Ерида Куршумлија

2. Ивана Пекевска

3. Бисера Николовска

Машки ветарани

1. Владо Симеонов

2. Љубиша Андреиќ

3. Драган Глишиќ

Летница Треил (18 километри)

Машки

1. Илија Пајмаковски

2. Златко Николов

3. Марио Котеси

Женски

1. Марија Пеликон

2. Талија Петреска

3. Ивана Настовска

Машки ветерани

1. Александар Христов

2. Ненад Лазиќ

3. Марино Гогов

Жени ветарани

1. Валентина Узунова

2. Сунчица Арсовска

3. Цвета Ѓорѓиева

Претходен написи
Фотофиниш Tour de France: Pogacar победува пред бившиот ски скокач Roglic
Следен напис
Courchevel добива нова патека со натпреварувачки ранг