Петнаесет туроператори од Белорусија деновиве престојуваа на промотивно – информативна тура низ Маврово и Попова Шапка за одблизу да се запознаат и да ги видат можностите што ги нудаат нашите најголеми зимските центри.
– Можностите за развој на зимски туризам се одлични, особено за екстремните спортови, како и аранжманите од пет до седум дена, за кои центрите Маврово и Попова Шапка се совршени, порача директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. Во периодот кој следува, АППТ започнува да ги промовира нашите туристички потенцијали за зимската сезона, на туристите од Белорусија и од Украина, како и можностите за подигање чартер линии.
– Во 2021 година туристите од Украина, Белорусија и од Руската Федерација, сѐ повеќе ќе бидат присутни во нашите туристички центри. Доколку ситуацијата со пандемијата е на очекуваното ниво, првите туристи од Белгија ќе може да ги очекуваме во нашите ски-центри веќе кон средината на декември – посочи Јаневски.