Брзинска експедиција на Аконкагва и дефинирање на македонското планинско трчање

Вести

Планинарски перформанси и искуство од кои секогаш има нешто ново да се чуе и научи. Краток документарен филм за брзинската експедиција, планинско трчање на Аконкагва 6962м на Александар Кирковски и асистенцијата од Димитар Тодоровски и Стоилко Стоичев кои го искачија врвот во стандардна планинарска варијанта. Дваесетина минути видео запис од Андите кои ја раскажуваат приказната за авантурата на двајца пријатели и пасионирани вљубеници во планината, но воедно и документиран материјал за едно значајно поместување на границите во македонскиот планинарски спорт што би требало да мотивира многумина. Патот до успех во спортот, планините, но и во животот не е едноставен и бара искрен пристап и максимален влог.

Претходен написи
Дали домашниот туризам има шанса да го надомести изгубеното годинава
Следен напис
Сервисирање на ски опремата и неколку совети