Cat Ski

  1. Cat Ski

Скијањето и сноубордингот во Македонија се заснова на неколку скромни ски центри кои покрај нивната застарена инфраструктура нудат одлични услови за backcountry freeride скијање главно заради количините на квалитетен снег како и разновидноста на теренот и рељефните структури кои нудат адреналин за секое ниво на фрирајд скијач/бордер. Cat skiing  е главно застапено на две локации во Македонија иако во помала мера на располагање се Караџица близу Скопје и Бистра-Маврово.

Шар Планина и Баба (Пелистер) се достапни на час и половина до два часа возење од аеродромот во главниот град Скопје или аеродромот во Охрид.

ШАР ПЛАНИНА

На Шара моментално има два cat ski оператори кои нудат аранжмани од декември до почетокот на април, во ниска и висока сезона.

Eskimo Freeride и Shar Outdoors се оператори кои ги нудат своите фрирајд услуги на Попова Шапка, односно Шар Планина од каде по половина час возење од центарот се влегува во backcountry зоната која нуди атрактивни линии за сечиj вкус. Линиите се селектираат според степенот на искуство на туристите и можат да бидат од забавни до бескрајно адреналински наменети за многу искусни и високо професионални скијачи способни да скијаат стрмен терен и кулоари.

Операторите водат до врвовите повисоки од 2700 мнв од каде имате километарски должини на падините со околу 800 м вертикална разлика. Backcountry теренот е динамичен и истиот нуди big mountain и forest fun runs скијање кои е понагласено кога временските услови на повисоките места се влошени. Во текот на денот операторите обезбедуваат и оброк во природа или некоја од планинските куќи. CatSki операциите се активни од изгрејсонце се до зајдисонце (from dusk till dawn).

БАБА ПЛАНИНА

На југот од Македонија на Баба планина (Национален парк Пелистер) е лоциран третиот cat ski оператор SF Freeride. Операторот поседува две машини. На располагање ви се уникатни можности за скијање во рамките на националниот парк од 2601 мнв се до 1800 мнв, со ски линии кои покриваат интермедиа и ехпертско ниво, big mountain линии, кулоари, скијање низ шума.

Пелистер нуди прекрасна природа и езерски пејсажи. Операторот покрај адреналинско скијање нуди и оброк во рамките на интересната планинарска куќа “Ловечка” сместена 1900мнв и е исто така база за backcountry/ski touring операции каде може да преноќите после напорен ден. Карактеристично за cat ski сервисот во Македонија е тоа што без разлика на временските услови најчесто има резервна варијанта и линии кои гарантираат скијање скоро во секакви временски услови. Сите оператори се опремени со соодветен персонал и безбедносна опрема.